Градоначалникот на Општина Велес
ОБЈАВУВА
Барање за добивање на Б – Интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 122 став 4, а во врска со член 99 став 1 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/22, 171/22 и 03/25), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола со бр.23-41/5 од 19.02.2025 год.,
Подносител на барањето:
Друштво за трговија, транспорт и услуги “МИСА-МГ ТРАНСПОРТ” ДОО Скопје за инсталација за производство на бетон (стационарна бетонска база) со вкупен капацитет на силосите за бетон поголеми од 50м3
Адреса:
Ул.”Павел Шатев”бр.3-лам.3/лок.10 Скопје-Кисела Вода, Кисела Вода,
Локација на инсталацијата:
КП 10455 КО Велес, општина Велес
Контакт лице:
Горанчо Ковиловски – одговорно лице за управување со животната средина
тел: 070/366-808
Категорија на инсталација:
Точка 3. Индустрија на минерали,
потточка 3.3 Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на сислосите за бетон поголеми од 50м3
Целокупната документација содржана во барањето, предлог-програмата за подобрување и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната јавност на веб страната на Општина Велес: www.veles.gov.mk
За сите потребни информации обратете се во Општина Велес, Одделение за заштита на животната средина на контакт телефон: 075/247-635, секој работен ден од 08.00-15.00 часот.