Мостот кај Башино Село е целосно саниран и функционален. Извршена е реконструкција на долниот дел од мостот, зајакнати се носечките столбови и гредите и мостот е веќе безбеден за непречено одвивање на сообраќајот во двата правца и за движење на граѓаните. Во наредниот период ќе биде извршена санација и на горниот дел на мостот. На мостот денеска беше премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николовски, директорот на ЈПДП Коце Трајановски, деканот на градежниот факултет д-р Горан Марковски, велешките пратеници Игор Здравковски и Александар Јамалов, претседателот на советот на Општина Велес Даниел Јаневски, градоначалникот Марко Колев и претставници на фирмата изведувач Синтек.

Инаку, изработката на проектната документација за изградба на нов мост на оваа локација е во завршна фаза.