Фестивалот на улична уметност „Баскерфест“ пристигнува во Велес. Шоуто под отворено небо со изведба на разни уметници, жонглери, акробати, музичари, кловнови и други улични изведувачи и уметници ќе приреди повеќечасовна забава за велешани во Амфитеатарот во Младински парк. Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во незаборавните изведби на уличните уметници од цел свет. За уште подобра забава и енергија ќе се погрижи DJ 5rov.
„Велешко лето 2026“ продолжува со интересни и атрактивни настани и активности за сите генерации.