Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/22, 171/22 и 03/25), Градоначалникот на Општина Велес издаде Б – Интегрирана еколошка дозвола на:
Б – ИНТЕГИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА
Подносител на барањето:
Друштво за трговија, транспорт и услуги “МИСА-МГ ТРАНСПОРТ” ДОО Скопје со седиште: ”Павел Шатев” бр.3-лам.3/лок.10 Скопје-Кисела Вода, Кисела Вода, за инсталација за производство на бетон (стационарна бетонска база) со вкупен капацитет на силосите за бетон од 60 m3 (поголеми од 50m3) и годишно производство на готов бетон околу 3.000 m3, лоцирана на КП 10455 КО Велес, општина Велес,
Седиште на операторот:
ул. ”Павел Шатев” бр.3-лам.3/лок.10 Скопје-Кисела Вода, Кисела Вода
Локација на инсталацијата:
лоцирана на КП 10455 КО Велес, општина Велес,
Контакт лице:
Горанчо Ковиловски – одговорно лице за управување со животна средина
Тел.070/366-808
Категорија на инсталација:
Точка 3. Индустрија на минерали,
потточка 3.3 Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на сислосите за бетон поголеми од 50м3
Б-Интегрирана еколошка дозвола e објавена на увид на заинтересираната јавност на www.veles.gov.mk


