Општина Велес и годинава упати голема благодарност до сите учесници во најголемата еколошка акција во државата, Генералка Викенд 24. Благодарници добија основните и средните училишта во градот, детската градинка „Димче Мирчев“, ЈКП „Дервен“, Здружение на граѓани „Акцијаши“.

Во рамки на проектните активности се реализираа неколку акции за чистење и селектирање на отпад на дворните површини на училиштата и градинката, како и на езеро Младост.

Проектот „Генералка викенд“  се спроведе на подрачјето на општината во организација на компанијата „Мен енд маунтен“ поддржана од Општина Велес, ЈКП „Дервен“, министерството за животна средина, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Пивара Скопје, Пакомак, Шпаркасе.