Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености  и Здружението на пензионери од Велес вчеравечер беа дел од програмата на „Велешко лето 2025“. Со своите изведби полни со восхит  кон родниот град ја воодушевија бројната публика и покажаа дека со љубов и разбирање и со практикување на вистинските вредности може да се создаде подобро општество за живеење.

Програмата продолжи со филмскиот фестивал „Покрај реката“ на кејот на Вардар каде љубителите на филмската уметност имаа можност да изгледаат повеќе краткометражни филмови од целиот свет.