82 години слободен Велес. Општина Велес ги прави последните подготовки за одбележување на празникот на градот, 9 Ноември. Годишнината од ослободувањето на Велес достојно ќе биде одбележана со голем број активности од различен карактер. Од крводарителска акција, атлетска трка, меѓународен турнир на ракометни ветерани, свечена академија на која ќе се доделат деветоноемвриските награди и наградата за животно дело „Гемиџии“, па се до ликовна изложба и Детски Рацинови средби, Општина Велес со гордост ќе им оддаде почит на сите знајни и незнајни борци кои ги дале своите животи за слободен Велес и оставиле траен аманет за сегашните и идните генерации, да го чуваат и негуваат нивното херојско дело.Во продолжение Програмата за одбележување на 82 годишнината од ослободувањето на Велес.






