Во пресрет на големиот христијански празник Богојавление Водици, Општина Велес ги повикува сите заинтересирани православни христијани кои сакаат да учествуваат на традиционалното фаќање на светиот крст од водите на река Вардар, да се пријават во просториите на Повардарската епархија, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
Чинот на фрлање на светиот крст ќе се одржи во недела, 19 јануари, на Мало мовче, со почеток во 11:00 часот. Пред самиот чин ќе се одржи божествена литургија со која ќе чиноначелствува Митрополит повардарски Г. Агатангел.