Во соработка со Театар Ј.Х.К.Џинот и ОО Црвен Крст Велес, Општина Велес организира хуманитарен божиќен концерт на кој ќе настапи српскиот актер и пејач Иван Босиљчиќ со поетско-музичка вечер насловена како „Наша вечер“. Концертот ќе се одржи на 4 јануари со почеток во 20:00 часот на сцената на велешкиот театар. Цената на билетите ќе изнесува 1.200 денари и ќе бидат пуштени во продажба на билетарата во театар од вторник, 9 декември.
Средствата собрани од продажбата на билетите ќе бидат наменети во хуманитарни цели.
Општина Велес ги поканува граѓаните да бидат дел од хуманитарниот настан по повод најголемиот христијански бразник, да ја покажат својата хуманост и да уживаат во неповторливиот перформанс на Босиљчиќ.


