Се известуваат граѓаните на Велес дека утре, 27 март 2021 година, со почеток во 20.30 часот ќе се изгаснат светлата на платото пред Основен суд Велес и на Мало Мовче, по повод одбележувањето на ,,Часот на планетата Земја“. Осветлувањето ќе биде исклучено еден час до 21.30 часот. Со овој симболичен настан, со исклучување на светлата на овие места, Општина Велес, слично како и 7.000 градови во 180 држави низ светот ќе испрати порака за важноста на природата и биодиверзитетот за планетата Земја.