,,Велешка поетска вечер” по десетти пат

,,Не дозволувај пепелтада ми ги голта солзите,осамата да ми подава ракаиднината да ми затвора врати.” Ова се дел од прекрасните стихови кои одекнуваа оваа приквечерина во Младинскиот парк во Велес. На традиционалната Велешка поетска вечер свои лични дела прочитаа реномирани поети и писатели, а афоризми поврзани со животот и љубовта прочитаа познати афористичари од здруженијата…

Активен пожарот кај Ораовец

„Пожарот во близина на село Ораовец се шири на четири краци. Најсериозни се краците кои одат кон Ораовец и кон Војница“, изјави денеска градоначалникот Аце Коцевски. Како што информираше, побарана е помош од Дирекцијата за заштита и спасување. Два авиони веќе се во функција и истураат вода на локциите. На лице место со огнот се…

Наместо „Фестивал на пити и вино“ – пошумување и опрема за пожарникарите

Градоначалникот Аце Коцевски денеска и соопшти на јавноста дека одлучил да предложи пренамена на средствата планирани за годинешниот Фестивал на пити и вино. „По катастрофалниот пожар што го зафати Велес и кој во моментов се шири во други делови на градот и во кој беше уништен растителниот и животинскиот свет сметам дека е време за носење…

КОЦЕВСКИ: „ШТЕТИТЕ СЕ ОГРОМНИ, НО НЕМА ПОВРЕДЕНИ НИТУ ЧОВЕЧКИ ЖРТВИ“

На денешната прес конференција што градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја одржа по повод вчерашниот голем пожар што го зафати подрачјето околу езерото Младост, ја информираше велешката и македонската јавност дека пожарот е ставен под контрола. „Во колективната меморија на велешани, вчерашниот ден ќе биде запаметен како еден од најтажните денови во однос на…

Заев: „Ќе расте нов живот, ќе живее Младост во Велес”

На просторот околу езеро „Младост” кој беше зафатен од голем пожар, денес увид извршија претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев со градоначалниците на Велес и Скопје и институциите кои беа надлежни за гасење на пожарот. Пред увидот Заев оствари средба со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, командирот на Територијалната противпожарна единица…

Започна реконструкцијата на дел од улицата ” Благој Ѓорев”

На потегот од главниот влез на касарната „Алексо Демниевски – Бауман” до надвозникот кон улицата „Луи Пастер”, на дел од улицата “Благој Ѓорев”, во должина од околу триста метри, денес започнаа да се изведуваат градежни работи за реконструкција на завршниот слој на асфалтот. Поради високите температури и движење на тешки товарни возила предизвикано е свлекување…

Велешанецот Спасиќ, европски првак во кајак

Со настапот на финалниот натпревар во рамките на Европскиот куп во спуст на диви води, во дисциплината спринт, кој се одржа во Чешке Будејовице (Република Чешка), велешанецот Љубомир Спасиќ ја доби титулата европски првак во кајак. По повод постигнатиот успех, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денес организираше свечен прием при што му честиташе за…

Градежни зафати на мостот кај бифе „Марија”

Општина Велес ги започна предвидените градежни работи околу реконструкција на тротоарите на мостот во близина на ООУ „Васил Главинов“ (кај бифе „Марија“’). При реконструкцијата ќе биде изваден површинскиот оштетен слој од асфалт, оштетените армиранобетонски плочи ќе се заменат со нови, а за крај на градежните работи ќе се асфалтираат тротоарите. Поради безбедносни причини, реконструкцијата на…