Во организација на Младинската асоцијација на средни стручни училишта на Македонија (МАССУМ) а под домаќинската палка на ССОУ “Димитрија Чуповски” од Велес, ученици од 47 средни стручни училишта денес во Велес ги мерат своите сили во знаење, таленти и вештини.
Натпревари во повеќе стручни категории, шоу на таленти, модни ревии, технолошки иновации, медицински лица, спортски натпревари, се само дел од активностите кои го разбудија градот.
Особена чест на градоначалникот Марко Колев беше да ги поздрави сите овие млади лица кои се иднината на Македонија, а Општина Велес ќе продолжи да биде партнер на сите образовни институции за да им обезбедиме напредок и квалитетно образование.