Една од најхуманите професии е онаа на пожарникарите. Кога ние се повлекуваме, тие херојски застануваат во првите борбени линии. Во борба против огнената стихија, секојдневно изложени на ризик, но и со голема одговорност.
Денешниот ден им го посветуваме ним и нивната благородна мисија. Во нивна чест го одбележавме денот преку пригодна програма со показни вежби, збогатена со настапот на дечињата од ОЈУДГ “Димче Мирчев”.
Општина Велес додели благодарница за пожртвуваноста на Територијалната противпожарна единица од Велес, а од нивно име на градоначалникот Марко Колев му беше врачена плакета за успешна соработка која ќе продолжи и во иднина.