Почитувани граѓани,

Општина Велес Ви го честита Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври.

Овој историски ден не потсетува на храбрата организирана борба на македонскиот народ за слобода и создавање на сопствена држава. Никогаш да не дозволиме заборав на сите знајни и незнајни борци кои се жртвуваа за слободна и независна македонска држава.

Следејќи го овој пример, во духот на заедништвото, сплотени, заеднички да продолжиме по патот на развојот и напредокот, градејќи модерно и просперитетно општество, со услови за достоинствен живот за сите граѓани.

Да се почитуваме меѓусебе без разлика на верската, националната или политичката определба, да продолжиме по патот на развојот и напредокот и да создаваме светла иднина за новите генерации македонци.

 

Нека е честит и вековит Денот на македонската револуционерна борба!