Почитувани сограѓанки и сограѓани,

Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име ви го честитам 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот.

Изминатава година бевме сведоци на секојдневни затворања на работни места, масовно отпуштање на работници, многу тага, разочарувања и неизвезност. Пандемијата со Ковид-19 од корен ни го измени животот, во трката за опстанок и напорите да го заштитиме нашето здравје, многумина, наместо на своите работни места, останаа дома. Но, овој факт не смее да нè поколеба. Напротив, уште поистрајни и пожртвувани ќе се избориме за нашите права, за нашиот живот и иднината на нашите деца. Да останеме доследни и верни на оние работници кои пред 135 години во Чикаго го дигнале својот глас и се избориле за правата на работникот.

Нашето единство во овие мигови е потврда дека заедно сплотени можеме да ги надминеме сите кризи и да изградиме уште поуспешна и посилна заедница за сите граѓани.

Со најискрени желби ви го честитам Меѓународниот ден на трудот и посакувам овие празнични денови да се воздржиме од масовни собирања и да ги поминеме со нашите најблиски. Само така ќе ја надминеме кризата и ќе продолжиме во една поубава и посветла иднина.

 

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес

Аце Коцевски