Почитувани припадници на Армијата на Република Северна Македонија,

Во име на Советот на Општина Велес, во името на сите наши сограѓанки и сограѓани и во свое лично име ви го честитам 18 август, Денот на Армијата.

Денот на Армијата е синоним за чувањето на македонскиот суверенитет и државност. Македонската армија е модерна армија со обучен персонал, кој се одликува со несебичност, пожртвуваност и професионализам, кој е во чекор со современите достигнувања и претставува репрезент на сите оние пожртвувани и храбри патриоти кои придонесоа и придонесуваат за мирот, просперитетот и слободата за сите граѓани.

До сите вас, војниците од сите чинови – припаднички и припадници на Армијата, како и до цивилните службеници во Армијата, оддавам неизмерна почит за вашиот труд и заложби во остварувањето на целите кон заедничкото добро за сите граѓани и Армијата.

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес
Аце Коцевски