Почитувани сограѓанки и сограѓани

 

Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам 9 Ноември, Денот на Општина Велес и на ослободувањето од фашистичкиот окупатор.

На овој ден одбележуваме 77 години слободен Велес, град со посебно место во срцата на сите нас кои живееме тука, но и на оние ширум светот.

Овој датум е значаен и запишан со златни букви во македонската историја, датум кој го трасираше патот на слободен Велес, развојот и напредокот во сите сфери на општественото живеење.

За животот кој денес го живеме заслужни се сите знајни и незнајни борци, чија храброст и пожртвуваност ни ја деносе долгопосакуваната слобода.

Наша должност е да ги чуваме спомените, да ги негуваме придобивките од народно-ослободителната и антифашистичка војна, достојно да го исполниме заветот на нашите славни предци и да го градиме и развиваме Велес, за нас и за идните генерации.

Честит празник!

 

Со почит,

 

Градоначалник на Општина Велес

Марко Колев