Почитувани сограѓани од турската заедница, Општина Велес Ви го честита Денот на наставата на турски јазик, 21 Декември.
Употребата на мајчин јазик во образовниот процес и во секојдневниот живот е најголемата придобивка на човештвото. Можноста за образување, творење и напредување на својот мајчин јазик е вредност која придонесува за културниот развој на заедницата. Велес е град богат со различни традиции, обичаи, религии, град на соживот и заедништво. Препознавањето и признавањето на уникатноста во различностите го прави Велес мултикултурно општество.
Одржувањето и негувањето на пријателските односи и релации со неколку градови од Република Турција е уште еден доказ за постоење на цврсти односи помеѓу различните заедници во Општина Велес.
Општина Велес ќе продолжи и во иднина да ги поддржува и почитува културните особености на заедниците и да ги промовира достигнувањата на секое поле од општествениот развој на градот.