Почитувани сограѓани, припадници на турската заедница во Општина Велес,
Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам 21 декември, Денот на наставата на турски јазик.
Да се зборува и образува на мајчин јазик е право на секоја индивидуа во едно слободно демократско општество. Нема ништо подрагоцено од негување и одржување на сопствениот идентитет, култура и традиција преку употреба на јазикот кој ја претставува душата на една нација.
Велес како град на соживот и заедништво, има долгогодишна традиција на негување на различните култури, традиции и религии. Препознавњето и признавањето на уникатноста во различното, го прави Велес мултикултурно општество со предзнак на еднаквост.
Општина Велес одржува пријателски односи со неколку градови од Република Труција и тоа е доказ за постоење на цврсти односи помеѓу различните заеници во општината. Да продолжиме и во иднина да ги негуваме културните особености и заеднички да работиме за развој на градот.
Со почит,
Градоначалник на Општина Велес
Марко Колев