Почитувани просветни работнички и работници,

 

Во име на Советот на Општина Велес, во име на сите граѓанки и граѓани на Велес и во свое лично име, Ви го честитам 5 Октомври, Меѓународниот ден на учителот.

Да се биде учител значи да се работи најблагородната професија, но да се биде добар учител е доблест, одговорност, посветеност и љубов кон учениците, несебично пренесување на знаењето, објаснување и проучување. Учителот е најзначајната алка во образовниот процес без која не може да се постигне успех и да се формира високо квалитена едуцирана личност.

Вашата ценета професија е неизмерно почитувана и вреднувана, со значаен придонес во едукацијата и развојот на децата, учениците, студентите.

И во овие нови, поинакви услови на одвивање на образовниот процес, Ви благодарам што останувате посветени во градењето на новите генерации на Велес, град препознатлив по истакнати образовни и културни дејци.

Ви посакувам да останете доследни и истрајни  во вашата професија и успешно да се справувате со сите предизвици во образовниот процес. Да продолжите со вашата посветеност да создавате здрави генерации кои ќе се залагаат за подобро утре на сите.

Истовремено, на сите ученици им ја честитам Неделата на детето и им посакувам добро здравје и успех во  образованието.

 

 

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес

Аце Коцевски