Драги првачиња

Драги ученички и ученици,

Почитувани просветни работнички и работници,

 

Во името на Советот на Општина Велес и во свое лично име, Ви го честитам почетокот на новата учебна година и  Ви посакувам плодна и успешна година, многу стекнати знаења, многу насмевки и секако многу здравје.

На овој ден, нашите најмлади сограѓани го прават најважниот чекор во својот живот, справувајќи се со разни предизвици и моменти. Им посакувам лесно да ги совладуваат сите нови искуства и знаења.

Учителската дејност е една од најблагородната и најплеменита професија. Вашиот успех е резултат на успехот што го постигнуваат ученичките и учениците во текот на образованието.

За жал се уште се справуваме со пандемијата, Ви порачувам да бидете внимателни, со најголема одговорност почитувајте ги превентивните мерки, за да се заштитите себеси и вашите семејства.

 

Ви посакувам среќна и успешна училишна година.

 

Со почит

Градоначалник на Општина Велес

Аце Коцевски