Општина Велес им го честита 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, на сите работници посакувајќи им добро здравје, напредок и успех на секое поле. Овој ден е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Работниците се најважната алка во развојот на едно општество, затоа е важно да се посвети големо внимание на нивните права и благосостојба. Да се надминат сите пречки и предизвици за да се подобри статусот на работникот во заедницата, затоа што само задоволен и почитуван работник со достоинство може да одговори на работните задачи.
Нека е честит 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот!