Општина Велес упатува честитка до сите граѓани на Велес по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври.

Овој голем национален празник е уште еден потсетник на првата семакеднаска организација и нејзината единствена цел, да го обедини македонскиот народ во борбата за слободна татковина. На овој ден се потсетуваме на храброста и пожртвуваноста на нашите претци, одлучноста и нескршливата волја за слобода и независност. Никогаш да не дозволиме заборав на сите знајни и незнајни борци кои загинаа за слободна Македонија.

Следејќи го овој пример, во духот на заедништвото, сплотени, посветено и мудро да продолжиме по патот на развојот и напредокот, градејќи модерно и просперитетно општество, со услови за достоинствен живот за сите граѓани.

Нека е честит и вековит Денот на македонската револуционерна борба!