Ви го честитам меѓународниот ден на жената, 8 Март и посакувам да бидете почитувани, сакани, рамноправни, денес и секој ден! Продолжете да чекорите по патот на успехот и никогаш не се откажувајте од  борбата за правда, еднаквост, соживот и мир.

Ве поттикнувам и охрабрувам да останете доследни во својата упорност за рамноправно и балансирано учество во јавниот, општествениот и економскиот живот. Да покажете храброст во надминување на сите препреки кои што ќе ви се најдат на патот и да чекорите напред кон светла иднина. Ви посакувам добро здравје и среќа на личен и професионален план.

За мене овој ден е за препознавање на жените кои лично ги познавам, како и на оние кои ме инспирираат. Ме потсетува на тоа колку далеку сме стигнале како општество и колку големи работи постигнале жените. Но и уште колку пат има пред нас.

Заедно може да ја изградиме еднаквоста. Заедно можеме да ги скршиме предрасудите.

 

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес

Марко Колев