Почитувани сограѓанки и сограѓани,

Во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес, Ви го честитам 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Храброто минато на Велес нè учи и поттикнува сите нас да размислуваме за иднината, за европската иднина и споделувањето на универзалните вредности без разлика на меѓусебните различности кои се најголемото богатство во една заедница. Сплотени и заеднички, посигурни и посилни, посакувам просперитетна иднина, живот во мир и благосостојба на сите нас.

Со почит,
Аце Коцевски
Градоначалник на Општина Велес