Денес се навршуваат 82 години од народното востание со кое македонскиот народ со својата пожртвуваност и решителност ја извојувал долгопосакуваната слобода, врз која се удриле темелите на слободна и независна Македонија.

Овој историски датум е силно врежан во колективната меморија на македонскиот народ кој гордо и достоинствено го чува ова парче земја. Обединети и сплотени да го продолжиме стремежот на борците на НОБ и да не потклекнеме со духот и вербата за подобро утре.

На нас останува вечно да го славиме и паметиме овој историски 11 Октомври,  да им оддаваме почит на сите знајни и незнајни борци кои го дале својот живот за слободна Македонија и да не го заборавиме аманетот на нашите претци.

Општина Велес упатува честитка до сите граѓани на Велес по повод Денот на народното востание, 11 Октомври.