Почитувани крводарители и членови на Црвениот Крст,

Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓанките и граѓаните на Општина Велес и во свое лично име, Ви го честитам 17 март, Денот на крводарителството и Денот на Црвениот Крст.

Крводарителството се темели на принципите на доброволност, анонимност и солидарност. Ова е денот кога нацијата се потсетува што значи дарувањето крв и како тој хуман гест спасува илјадници животи.

Воедно на Црвениот крст му посакувам уште многу успешни мисии во името на хуманоста.

Во изминатите години, Општина Велес остварува плодна и континуирана соработка со Општинската Организација на Црвениот Крст од Велес која продолжува и во годините пред нас.

Со почит,
Градоначалник на Општина Велес,
Аце Коцевски