Општина Велес на сите граѓани од исламска вероисповест им го честита големиот празник Рамазан Бајрам.
Почитувани сограѓани, нека овој ден Ви донесе мир и спокој во душите, љубов во срцата, радост и слога во семејствата. На овој голем верски празник да се потсетиме на вистинските вредности кои единствено не сплотуваат во хармонично општество во кое владеат просперитетот и благосостојбата.
По еден месец пост, нека Вашите молитви бидат слушнати и кај сите верници да преовладува солидарноста, хуманоста и толеранцијата. Со заеднички заложби и меѓусебна почит да ги одржиме и практикуваме вистинските вредности што не обединуваат и ни носат посветла иднина.
Нека е честит Рамазан Бајрам!