Со посно гравче, суви чушки,  мезиња и пијалоци, жителите на Мегдан го прославија првиот ден по Прочка, Чист понеделник. И годинава, на Мегдан се собраа голем број на граѓани кои ја почитуваат традицијата и ја пренесуваат на новите генерации. Меѓу нив беше и градоначалникот Марко Колев кој им посака добро здравје и им порача да продолжат да ги негуваат старите народни обичаи по кои Велес е препознатлив.

Постарите Мегданци се потсетија на празнувањето на Чист понеделник во минатото кога на софрата седнувале и млади и стари и со песни и ора се дружеле. Посакуваат традицијата да продолжи и во иднина.

Од денеска започнуваат Велигденските пости што ќе траат шест недели, до најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.