Се реконструира околу 800 квадратни метри деловен простор во јавното претпријатие Парк спорт и паркинзи кој ќе биде наменет за бизнис и ИТ хаб, во кој поединци и компании ќе можат да работат на заеднички и индивидуални проекти. Фирмата Брих ДОО Велес, што го зема под закуп просторот, деновиве интензивно работи на реконструкција со цел што поскоро отворање на деловниот простор.
Со оваа инвестиција се овозможува развој на јавното претпријатие и бизнис секторот. Соработката меѓу локалната самоуправа, јавните претпријатија и бизнис заедницата е клучна за развој на општината.