Под мотото „ За чист дом, за здрав живот – Фрлај го отпадот на означеното местo“ денеска во Младинскиот парк се одржа едукативен настан со кој се одбележа Денот на екологијата, 5 Јуни.

Децата од градинката „Димче Мирчев“ се натпреваруваа во правилнo селектирање на отпадот, во изработка на фигури од отпадна хартија и цртежи на тема екологија. Најмладите низ игра и смеа покажаа вештини во правилно отстранување и селектирање на отпадот и учеа како треба да се заштити животната средина.

Настанот од едукативен и забавен карактер е во организација на Хабитат, Општина Велес и Шуто Оризари, а се реализираше преку проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“, поддржан од Европската унија. Во рамки на кампањата за подигнување на свеста за здрава животна средина, освен најмладите учествуваа и вработени од ЈКП „Дервен“, претставници на Фондација Фокус како и членови на Локалната лидерска група од Велес, формирана за поддршка на проектот.

Учесниците на настанот и граѓаните кои го посетија, ги забавуваа балерините од балетското студио „Анабела“, играорците од ансамблот „Керамичар“ и од КУД „Коле Неделковски“.