Априлијада во Велес. Денот на шегата 1 Април ќе помине во знакот на детскиот џагор, шарени маски и многу насмевки кај децата од основнните училишта и од градинката „Димче Мирчев.
Веселиот настан ќе се случи во понеделник, 1 април, во Амфитеатарот, со почеток во 12 часот. Низ првоаприлската приказна децата ќе ги водат Стефан од Дајте музика и Круела Де Вил. Од сите маски ќе се изберат најдобрите и најкреативните.
Деца, вклучете ја на најјако вашата имагинација, ставете ги најубавите маски и бидете дел од првоаприлската забава.