Учениците од четврто одделение од ООУ „Васил Главинов“ денес се запознаа со работата на градоначалникот Марко Колев и на Советот. Весели, креативни и по малку срамежливи, ги кажаа своите прашања и очекувања од градоначалникот.
Децата се нашето богатство. Она што секојдневно го градиме и на што градоначалникот Колев е посветен е токму за нивната иднина и добросостојба, а само во непосредна комуникација со нив може да го согледаме градот во нивните бои, онака како што тие го замислуваат.
За поубав Велес!