Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ под диригентската палка на Веселинка Маџарова го освои високото трето место на меѓународниот фестивал „Certamen Juvenil de Habaneras“ што се одржа во Тореавјеха, Шпанија.

Градоначалникот Марко Колев денеска ги прими младите девојки во својот кабинет и изрази голема благодарност за успешното претставување на општината во светот, им посака успех и во иднина и секако поддршка во сите наредни настапи на фестивали во државата и надвор од неа.