Почитувани,

Општина Велес и ЈКП „Дервен” продолжуваат со спроведување на активностите за превентивна дезинфекција на јавните површини на целата територија на општината.

По завршувањето на дезинфекцијата на јавните површини во централното градско подрачје и главните инфраструктурни објекти во општината, активностите продолжуваат со дезинфекција на главните пристапи во селата.

Завршена е дезинфекцијата во селата Горно Оризари, Башино село, Бузалково, Раштани и Отовица, а денес се спроведуваат активности за миење на улиците со средство за дезинфицирање во населените места Иванковци, Мамутчево и Чалошево.

Поради рачистување на наноси, во населеното место Сујаклари, ангажирана е и дополнителна механизација.

Во текот на вчерашниот ден, Општина Велес започна со дезинфекција на улиците во повисоките зони на градот. По дезинфицирањето на улиците „Белградска”, „Васил Главинов”, „Киро Ќучук”, „Осма велешка бригада” и „Костурска”, активностите за дезинфицирање денес продолжуваат на улиците „Живко Фирфов”, „Славко Ѓоргиев Сватот”, „Луј Пастер” и „Индустриска”.

Денес завршија активностите од првото дезинфицирање на парковските површини и детските игралишта, во паркот во СОУ „Гимназија Кочо Рацин”, во паркот и зелените површини во Комплекс „УЗУС”.

Исто така, Општина Велес врши дезинфекција и на урбаната опрема на јавните површини.

Со почит,
Општина Велес