Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека на почетокот од оваа седмица, испрати препорака до сите такси-превозници на подрачјето на Општина Велес да ги дезинфицираат такси-возилата на дневна основа пред да се вклучат во сообраќај, а такси-возачите да користат лична зашитита (маска и гумени ракавици).

По препораките од страна на Владата и општината, лиценцираните авто-такси компании извршија дезинфекција на сите лиценцирани авто-такси возила и возила за јавен градски и меѓуградски превоз на патници, како на и меѓуградската автобуска станица во Велес, преку ЈЗУ Центар за јавно здравје, Велес.

Секое возило кое се користи за превоз на патници располага со пумпи за дезинфицирање, средство за дезинфекција ECOSAL, како и гелови за дезинфекција на возачите и патниците. Поради тоа, Општина Велес апелира граѓаните да ги користат услугите на лиценцираните авто-такси компании.

Дезинфекцијата на возилата се врши на почеток и на крај на работниот ден, додека пак возачите носат заштитни маски и ракавици.

По претходно утврден план за дезинфицирање на јавните површини во градот, Општина Велес започнува и активности кои вклучуваат дезинфицирање на сите автобуски стојалишта (постојки) во градот.

Со почит,
Општина Велес