Врз основа на член 39, став 2 од Законот за локалната сaмоуправа („Службен весник на РМ” бр. 5/02) и член 18, став 3 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес” бр.12/06, 03/09, 18/10, 15/14, 15/18, 06/19 и 08/21), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 22- та седница на
Советот на Општина Велес

Седницата ќе се одржи на ден 26.10.2022 година (среда) во просториите на Општина Велес со почеток во 09:00 часот.
-Усвојување на Записник од 21-та седница на Советот на Општина Велес
За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Предлог-одлука за измена на распоред на средствата на Буџетот на Општина Велес за 2022година.
2. Предлог-одлука за давање на трајно користење ЕДУКАТИВНА ОПРЕМА донација од Асоцијацијата „АЛЗАС-МАКЕДОНИЈА“ (АЛМА) од Алзас, Република Франција.
3. Предлог-одлука за намена на простор од објект од КП 4810 сопственост на Општина Велес за Europe house Veles (Европска куќа Велес).
4. Предлог-одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Оризари вон град.
5. Предлог-одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени на КП бр. 15796 за КО Велес.
6. Предлог-одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Иванковци.
7. Предлог-одлука за утврдување на потреба за пренамена на површина со класа на намена индустрија (И) во класа на намена А1 (Домување во станбени куќи) заради усогласување на намената на бесправните објекти изградени во КО Велес.
8. Предлог-одлука за утврдување на потреба за пренамена на површина со класа на намена рекреативно зеленило во класа на намена А1 (Домување во станбени куќи) заради усогласување на намената на бесправните објекти изградени во КО Велес.
9. Предлог-одлука за утврдување на потреба за пренамена на површина со класа на намена Христијански гробишта во класа на намена А1 (Домување во станбени куќи) заради усогласување на намената на бесправните објекти изградени во КО Велес.
10. Извештај за работата на Општинската јавна установа за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес за 2021/2022година.
11. Предлог-Годишна програма за работа на Општинската јавна установа за деца Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес за 2022/2023година.
12. Извештај за реализација на Фестивалот на џез, ворлд и современа музика од Здружението за култура, уметност и млади „Арт-Генаратор Велес“.
13. Извештај за реализација на културната манифестација „5ре“ од Здружение на граѓани ПЛУС ПУБЛИКА Велес.
14. Извештај за реализација на Вардарска регата Гемиџии 2022 од Извиднички одред „Димитар Влахов“ Велес.
15. Извештај за работа на Jавното комунално претпријатие „Дервен“ за периодот I-VI 2022год.
16. Предлог-решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023година на ЈКП „Дервен“ Велес.
17. Предлог-решение за давање согласност на Одлука за отпис и расходување на основни средствa на ЛУ Библиотека „Гоце Делчев“ Велес.
18. Предлог-решение за одобрување на средства од Буџетот на Општина Велес (средства за ЈП „Парк –Спорт и Паркинзи“ Велес).
19. Предлог-решение за разрешување и именување претставник на Општина Велес за член на Училишен одбор на ООУ „Панко Брашнаров“ Велес.
20. Предлог-решение за разрешување и именување на претставници на Општина Велес за членови на Училишен одбор на ОСУ „Јовче Тесличков“- Велес.

Претседател на
Советот на Општина Велес
Зоран Љутков с.р