На 21- то издание на Меѓународниот салон за стрип „Велес 2024’, вчеравечер на свеченото отворање им беа доделени награди и признанија на најдобрите стрип уметници. Посетителите имаа можност да ги погледнат изложените стрип дела  кои годинава пристигнаа во рекорден број, 351 стрипови од 17 земји.

Стрип активностите во рамки на Велешко лето продолжуваат, денеска започна 6. Стрип колонија „Велес 2024“ во Спомен куќата на Касапови.