Над 100 ученици од сите краишта на Македонија добија награди за најдобри поетски и ликовни творби кои учествуваа на конкурсот на Општина Велес на тема „Да му го земеш јазикот на народот – тоа значи да му ја земеш душата“ Рацин. Наградени беа и учениците кои се пријавија на натпреварот во ораторство на истата тема. Во полната сала „Бели мугри“, со многу емоции, восхит и почит кон ликот и делото на големиот Рацин, одекнуваа стихови исполнети со љубов кон македонскиот јазик.
- Детски Рацинови средби уште еднаш потврдија дека учениците се достојни наследници на безвремениот Рацин, кои со многу љубов и посветеност го негуваат и чуваат мајчиниот јазик и култура.
Општина Велес упатува голема благодарност до организаторот на манифестацијата МДПС „Премиера“ и сите кои придонесоа за уште едно успешно издание на традиционалните Детски Рацинови средби.