Над 100 ученици од сите краишта на Македонија добија награди за најдобри поетски и ликовни творби кои учествуваа на конкурсот на Општина Велес на тема „Да му го земеш јазикот на народот – тоа значи да му ја земеш душата“ Рацин. Наградени беа и учениците кои се пријавија на натпреварот во ораторство на истата тема. Во полната сала „Бели мугри“, со многу емоции, восхит и почит кон ликот и делото на големиот Рацин, одекнуваа стихови исполнети со љубов кон македонскиот јазик.

  1. Детски Рацинови средби уште еднаш потврдија дека учениците се достојни наследници на безвремениот Рацин, кои со многу љубов и посветеност го негуваат и чуваат мајчиниот јазик и култура.

Општина Велес упатува голема благодарност до организаторот на манифестацијата МДПС „Премиера“ и сите кои придонесоа за уште едно успешно издание на традиционалните Детски Рацинови средби.