По повод Денот на крводарителството, 17 Март, ОО на Црвен крст Велес им додели признанија и благодарници на крводарителите и на сите оние кои придонеле во развојот на крводарителството во градот.
Признанија за 50 пати дарувана крв добија Ѓоре Коцев, Игор Наунчев, Иван Стојанов, Дени Пејчиновски, Јордан Кирков, Драганчо Талевски, Снежана Петрушевска, Роберто Јаневски, Нино Николов.
За 75 пати дарувана крв признание во знак на благодарност добија Божо Димовски, Димче Наумов и Стефан Јовчев. Велешанецот Тодор Хаџи Ристов доби признание за 100 пати дарувана крв.
За развојот на крводарителството во Велес, Црвен крст, благодарници им додели на Командата за обука доктрини на АРМ, Скил ап академија, ДСУ Коле Неделковски, Основна организација на црврн крст Градско.
Како мотиватори за крводарување со благодарници се закитија Благое Климкаров, Дончо Николовски, Слободан Бошков и Зоран Јаневски од Градско. Благодарници добија и др. Лилјана Поцкова, Мимоза Николова, др. Славе Јорданов, Милка Илиева и Душанка Темова, заслужни пензионери од Службата за трансфузиона медицина.