Асоцијацијата АЛМА „Алзас Македонија“ со седиште во Стразбур, Република Франција продолжува со поддршката на Општина Велес. Неделава, од оваа асоцијација предводена од претседателот Жак Шлеф пристигна донација во училишна опрема Станува збор за анатомски столчиња и маси за 180 ученици.
Благодарност до асоцијацијата АЛМА за оваа втора донација. Според најавите следната донација во медицинска опрема ќе пристигне во јуни годинава. Покрај Општина Велес, Асоцијацијата АЛМА донира медицинска и друга опрема и за Домот за стари лица во Општина Берово.