Регионалниот стационар „Шепа“ активно работи на третман на бездомните кучиња. Во изминатиот период од територијата на Општина Велес, стационарот успешно залови и третираше 28 кучиња, од кои четири се вдомени а останатите, по третирањето и согласно законските одредби, се вратени на локацијата. Сите кучиња кои се достапни за вдомување се објавени на страната на стационарот „Шепа“.

Со отворањето на регионалниот стационар почна да се решава долгогодишниот проблем на граѓаните на Велес, притоа е обезбеден и хуман третман на уличните кучиња.