По завршување на изградбата на кејот на река Варадр од десната страна, на потегот од мостот Гемиџии до Мало мовче Општина Велес годинава ќе продолжи со изградба на кејот до Стар мост. Со ова целосно ќе се уреди кејот на овој дел од градот и граѓаните ќе имаат можност за одмор и релаксација на современ и модерен јавен простор.