Еднократна парична помош во износ од 3.000,00 денари, Општина Велес и годинава ќе исплаќа за секое новороденче. За критериумите, условите и потребната документација за остварување право на парична помош за новороденче, граѓаните можат да се информираат на следниот линк: bit.ly/3HbXtih

Инаку, минатата година, еднократна парична помош во висина од 3.000,00 денари, од буџетот на Општина Велес  е исплатена на 176 новороденчиња и тоа 96 мажки и 80 женски.