Во организација на Општина Велес денеска се реализираше акција по повод Денот на пролетта и екологијата. Во соработка со Здруженијата на граѓани „Велес Бајкинг”, ЕД „Грин пауер” и ЕД „Вила зора”, а со поддршка на СВР Велес, на три локации во градот, три тимови составени од претставници на општината, СВР Велес и невладините организаци, делеа налепници на возачите на автомобили. Целта на настанот е да се поттикнат граѓаните да ги остават автомобилите и да го поминат денот  на пролетта, 21 март, во пешачење, рекреација и користење на велосипедот како превозно средство.

Воедно, случајни минувачи беа анкетирани  и го дадоа своето мислење за подобрување на сообраќајот во градот како и за можноста за определување на локации наменети за пешачки и велосипедски патеки.