Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2021, денес во медиотеката на ЛБ „Гоце Делчев” во Велес се одржа едукативна работилница на тема „Младите и безбедноста на патиштата “ со цел промовирање на безбедноста, здравјето и благосостојбата на младите луѓе во сообраќајот.

Предавачи на работилницата беа претставници од МВР-СВР Велес кои на интерактивен и неформален начин за темата разговараа со ученици од ССОУ „Коле Неделковски”. Учесниците разменија мислења и споделија лични искуства поврзани со темата, но и придонесоа со конструктивни идеи и коментари во врска со подобрувањето на сообраќајните решенија во градот и околината.

Во периодот од 16 до 22 септември, во соработка со здруженија на граѓани, јавни институции, поединци и општествено одговорни компании, тим од Општина Велес реализира седумдневни активности, со што ја одбележува Европската недела на мобилност 2021.

Сите активности кои се реализираат се осмислени според објавените и пропишани мерки и протоколи за заштита и превенција од Ковид-19.