Општина Велес од 16-22 септември 2021 ја одбележува Европската недела на мобилност преку реализација на седумдневни активности.

Првата активност се реализираше денес во ОЈУДГ „Димче Мирчев” каде се одржа едукативно – интерактивна работилница за децата од објект 2 „Сонце”. Се организираше драмска игра со сценарио на темата „Здравствени придобивки за децата од возење велосипед и пешачење“ која има за цел подигнување на свеста на најмладите пред се кон здравиот начин на живот, како и кон заштитата на животната средина преку користење на алтернативни превозни средства.

Проектот го подготви тим од општината, а со донации на велосипеди и други спортски реквизити се приклучија повеќе општествено одговорни компании, кои ќе бидат предадени на користење на крајните корисници во текот на следната седмица. Ко-спонзори на Европската недела на мобилност се и Делегацијата на Европска Унија и Европска куќа,  Скопје.

Сите активности се спроведуваат според пропишаните мерки и протоколи за заштита и превенција од ширење на Ковид-19.

Детали за истите може да се најдат на интернет страната на општината и на социјалните медиуми.