Во организација на Бирото за јавна безбедност, во соработка со СВР Велес и Општина Велес, во Младински парк се одржаа едукативни интерактивни активности за превенција на криминал и грижа за заедницата. Децата од основните и средните училишта во градот имаа можност одблиску да се запознаат со работата на полицијата како и да учествуваат во организираните спортски натпревари.
Преку овој караван се потенцира важноста од градење доверба и комуникација помеѓу младите во градот и полицијата.
На националниот караван присуствуваше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев.