Со еко акција Општина Велес го одбележа првиот ден од пролетта, 21 март. Отпад се собираше од дворовите на средните училишта „Гимназија Кочо Рацин“ и хемиското „Димитрија Чуповски“ и од спортските терени под економското училиште „Јовче Тесличков“ кај Железен мост. Во акцијата учествуваа градоначалникот Марко Колев, вработени во општинската администрација, претставници на Младински центар и Локален младински совет како и вработени во ЈКП Дервен. Во едночасовната акција беа собрани околу 10 метри кубни отпад.

Општина Велес традиционално организира пролетни еко акции со собирање на отпад од одредени локации со цел почист и поубав Велес.